Saturday, October 1, 2011
Корпи за отпадоци
Хигената е најважна за здравјето на човекот.Во училиштето треба повеќе да се стават корпи за отпадоци.Децата не треба да фрлаат отпадоци на секаде.Остатокот од ѓубрето е многу опасно, затоа треба да се чисти секојдневно за да не дојди до неприатни миризби и размножување на бактерии и нечистотиите.
Во училишниот двор треба да се постават корипи за:
-пластика
-хартија
-стакло
Tuesday, September 27, 2011
Штедење енергија
- Еден од најголемите потрошувачи во домот е рерната. Вклучувајте ја само кога е неопходно. Значително помалку енергија ќе се потроши ако се користи ринглата,а не рерната.
- Машината за перење е исто така еден од поголемите потрошувачи на електрична енергија во домот. Доколку е делумно наполнета за истата енергија ќе испере помалку облека. Исто така денес е возможно со помош некои детергенти да се пере и на пониски температури што би значело помала потрошувачка на енергија.
- Добар дел од работите што важат за машината за перење на алишта важат и за машината за перење на садови. Таа треба да се пушта во употреба само кога е целосно наполнета. Исто така доколку има опција за кратко и економично миење треба да се одбере таa опција.
- Системот за греење. Доколку системот за греење е опремен со термостат треба да биде поставен на околу 20 степени. Навечер доволно е да биде на околу 15 до 17 целзиусови степени со што би се генерирарала дополнителна заштеда. Така, на тој начин наутро за кратко време системот за греење би постигнал 20 степени.
- Не го оставајте мониторот или компјутерот на “stand by” или пуштени кога не се во употреба. Со самото тоа тие трошат енергија речиси исто како да ги работите.
- Фрижидерот треба да биде поставен на ладно место подалеку од каков било топлински извор. Кога се вели топлински извор се мисли на шпорет, печка или слично. Исто така, пожелно е да не биде изложен на сончево зрачење.
- Користете ја топлата вода од бојлерот рационално. Пожелно е кога еднаш се загрее бојлерот, што повеќе луѓе да ја искористат водата во побрз временски период. Што повеќе се чека, толку бојлерот повеќе би се изладил и би морало повторно да се вклучува за да се загрева. Со оглед дека бојлерите имаат минимум грејачи од 3 kw тогаш повеќе од јасно е за колкава заштеда станува збор.
- Внимавајте на осветлувањето и дали е потребно да биде вклучено во некоја просторија или не. Често пати децата или тинејџерите не внимаваат и оставаат вклучени светилки без разлика што тие не се во собата. Свртете им внимание на тој факт и укажете им на важноста на тоа.
- При готвење исклучете ја рерната или ринглата 5 минути порано. Речиси секогаш тие се доволно загреани и имаат акумулирано доволна топлина за да се доврши јадењето. Така, по 5 минути заштеда од секој зготвен оброк речиси секој ден би се направило голема заштеда на сметката за електрична енергија.
- Не го оставајте премногу време фрижидерот отворен. На секој фрижидер му требаат повеќе од 3 минути за да ја достигне саканата температура ако се држи отворен една минута.
Thursday, September 22, 2011
Штедење вода
Водата е многу значајна за сите живи организми.Без вода нема живот.Во последно време се повеќе има недостиг на вода.Затоа треба да внимаваме и да штедиме вода.Секоја година се помалку и помалку ја имаме водата на нашата планета земја,заплашувачки за целиот свет.
Затоа секој момент треба да ја штедиме водата:
-Тревата треба да ја наводнуваме на сабајле или навечер кога сонцето не е многу јако.
-Кога ги миеме забите треба да ја исклучиме водата да не течи додека ги триеме забите со четката.
-Машините за садови и алишта не треба да ги пуштаме кога не се полни,туку кога целосно ќе се наполнат.
-При миењето на садови со рака не оставајте ја водата да течи.
-Кога се тушираме треба да се тушираме кратко.
-Чувајте шише со вода за пиење во фриждер бидејќи ако е пуштена чешмата се троши многу дедека се излади водата.
Затоа секој момент треба да ја штедиме водата:
-Тревата треба да ја наводнуваме на сабајле или навечер кога сонцето не е многу јако.
-Кога ги миеме забите треба да ја исклучиме водата да не течи додека ги триеме забите со четката.
-Машините за садови и алишта не треба да ги пуштаме кога не се полни,туку кога целосно ќе се наполнат.
-При миењето на садови со рака не оставајте ја водата да течи.
-Кога се тушираме треба да се тушираме кратко.
-Чувајте шише со вода за пиење во фриждер бидејќи ако е пуштена чешмата се троши многу дедека се излади водата.
Subscribe to:
Posts (Atom)