Saturday, October 1, 2011

Корпи за отпадоци



  Хигената е најважна за здравјето на човекот.Во училиштето треба повеќе да се стават корпи за отпадоци.Децата не треба да фрлаат отпадоци на секаде.Остатокот од ѓубрето е многу опасно, затоа треба да се чисти секојдневно за да не дојди до неприатни миризби и размножување на бактерии и  нечистотиите. 




         
Во училишниот двор треба да се постават корипи за:
-пластика
-хартија
-стакло          

Tuesday, September 27, 2011

Штедење енергија

Неколку начини за штедење на електричната енергија:

  1. Еден од најголемите потрошувачи во домот е рерната. Вклучувајте ја само кога е неопходно. Значително помалку енергија ќе се потроши ако се користи ринглата,а не рерната.
  2. Машината за перење е исто така еден од поголемите потрошувачи на електрична енергија во домот. Доколку е делумно наполнета за истата енергија ќе испере помалку облека. Исто така денес е возможно со помош некои детергенти да се пере и на пониски температури што би значело помала потрошувачка на енергија.
  3. Добар дел од работите што важат за машината за перење на алишта важат и за машината за перење на садови. Таа треба да се пушта во употреба само кога е целосно наполнета. Исто така доколку има опција за кратко и економично миење треба да се одбере таa опција.
  4. Системот за греење. Доколку системот за греење е опремен со термостат треба да биде поставен на околу 20 степени. Навечер доволно е да биде на околу 15 до 17 целзиусови степени со што би се генерирарала дополнителна заштеда. Така, на тој начин наутро за кратко време системот за греење би постигнал 20 степени.
  5. Не го оставајте мониторот или компјутерот на “stand by” или пуштени кога не се во употреба. Со самото тоа тие трошат енергија речиси исто како да ги работите.
  6. Фрижидерот треба да биде поставен на ладно место подалеку од каков било топлински извор. Кога се вели топлински извор се мисли на шпорет, печка или слично. Исто така, пожелно е да не биде изложен на сончево зрачење.
  7. Користете ја топлата вода од бојлерот рационално. Пожелно е кога еднаш се загрее бојлерот, што повеќе луѓе да ја искористат водата во побрз временски период. Што повеќе се чека, толку бојлерот повеќе би се изладил и би морало повторно да се вклучува за да се загрева. Со оглед дека бојлерите имаат минимум грејачи од 3 kw тогаш повеќе од јасно е за колкава заштеда станува збор.
  8. Внимавајте на осветлувањето и дали е потребно да биде вклучено во некоја просторија или не. Често пати децата или тинејџерите не внимаваат и оставаат вклучени светилки без разлика што тие не се во собата. Свртете им внимание на тој факт и укажете им на важноста на тоа.
  9. При готвење исклучете ја рерната или ринглата 5 минути порано. Речиси секогаш тие се доволно загреани и имаат акумулирано доволна топлина за да се доврши јадењето. Така, по 5 минути заштеда од секој зготвен оброк речиси секој ден би се направило голема заштеда на сметката за електрична енергија.
  10. Не го оставајте премногу време фрижидерот отворен. На секој фрижидер му требаат повеќе од 3 минути за да ја достигне саканата температура ако се држи отворен една минута.





Thursday, September 22, 2011

Штедење вода

  Водата е многу значајна за сите живи организми.Без вода нема живот.Во последно време се повеќе има недостиг на вода.Затоа треба да внимаваме и да штедиме вода.Секоја година се помалку и помалку ја имаме водата на нашата планета земја,заплашувачки за целиот свет.

  Затоа секој момент треба да ја штедиме водата:

-Тревата треба да ја наводнуваме на сабајле или навечер кога сонцето не е многу јако.
-Кога ги миеме забите треба да ја исклучиме водата да не течи додека ги триеме забите со четката.
-Машините за садови и алишта не треба да ги пуштаме кога не се полни,туку кога целосно ќе се наполнат.
-При миењето на садови со рака не оставајте ја водата да течи.
-Кога се тушираме треба да се тушираме кратко.
-Чувајте шише со вода за пиење во фриждер бидејќи ако е пуштена чешмата се троши многу дедека се излади водата.